Албанските партии со реакции за предлогот Ковачки да биде на чело на МВР

Како што пишува Алсат, од ДУИ информирале дека институциите треба да го проценат правниот апсект на изборот.

Албанските политички партии се без коментар за предлогот Драган Ковачки да биде на чело на Министерството за Внатрешни Работи на Македонија.

Како што пишува Алсат, од ДУИ информирале дека институциите треба да го проценат правниот апсект на изборот.

„ДУИ информира дека процедуралните аспекти треба да се адресираат кај компетентните институции, не од партиите, и оценката на тие институции треба да се земе в предвид, додека го почитуваме правото секоја партија да има своја автономност и одговорност за номинација на кандидатите за различни позиции“, изјавија од ДУИ.

За Движењето БЕСА, важно е техничката влада да организира демократски фер и слободни избори.

„Ние, техничката влада која се очекува да се формира ја гледаме како влада која ќе овозможи одржување на изборите,  и тие да бидат фер, демократски и со европски стандарди. За кадровските решенија која што беа понудени, Движењето Беса, не ги гледа како решение на проблемите кои што ги имала владата во многу области. Важно е оваа влада да организира слободни избори, фер и демокрактски кои нема да бидат оспорувани“, информираат од Движењето Беса.

Додека пак од Алијансата за Албанците, рекоа дека на чело на МВР треба да биде човек од граѓанскиот сектор.

„Сметаме дека имињата кои се предложени се проценки на самите партии. Во врска со МВР, ние мислиме дека лидер треба да биде личност кој доаѓа од граѓанскиот сектор, оценувајќи дека се работи за чуствитилен сектор и е поблизок до граѓаните отколку со одредени безбедносни сектори. Сметаме дека техничката влада треба да ја одигра својата улога врз база на законот кој што го предвидува договорот од Пржино, да ја подготви земјата за избори“, информираат од партијата на Села.

Техничката влада треба да го започне мандатот на трети јануари и да организира предвремени избори на 12 април.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот