Албанските антитерористички сили на готовност по заканите на Иран

Фото: Миа.мк

Официјални извори од државната полиција за телевизијата изјавиле дека агентите во секторот за анти-тероризам во последниве денови ја зголемуваат размената на информации со домашни и странски агенции и продолжуваат да ги следат иранските државјани кои престојуваат во Албанија за да спречат какво било можен терористички акт.

Убиството на генералот Касим Сулејмани од страна на американските сили во Ирак на 2 јануари и заканите на Иран ја подигна готовноста на антитерористичките сили во Албанија, јави Клан телевизија.

Официјални извори од државната полиција за телевизијата изјавиле дека агентите во секторот за анти-тероризам во последниве денови ја зголемуваат размената на информации со домашни и странски агенции и продолжуваат да ги следат иранските државјани кои престојуваат во Албанија за да спречат какво било можен терористички акт.

Албанската полиција во октомври минатата година соопшти дека разоткрила иранска терористичка ќелија, која подготвувала терористички акт во Албанија, на празиникот Султан Невруз, празник на Беташката верска заедница. Уапси тројца Иранци кои се претставиле како новинари и тоа на влезот во седиштето на заедницата.

Генаралниот директор на полицијата, Арди Велиу, тогаш ги објави и имињата на иранските терористи, чија мета била Албанија и дека „главата“ на ова ќелија е оперативецот на Силите ЌУДС, познат како „PEYMAN“, дека бил постојан жител на Иран и од „дистанца менаџирал бројка на оперативци во Албанија и во други земји на Централна и Западна Европа”.

Како последица на истрагата за овој случај, која почнала во 2018 година албанските власти го протераа амбасадорот и уште еден дипломат од иранската амбасада во Тирана поради „опасност по нацоналната безбедност”.

Попладнево албанската министерка за одбрана, Олта Џачка објави дека албанската армија нема свои војници во Ирак. Во меѓувреме Топ чанел јави дека во северниот дел на Иран живеат 42 албански државјани, 30 од нив работат во Ербл,додека 12 во Багдад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот