Албанскиот претседател разочаран од одлуката на Уставниот суд за локалните избори

Илир Мета/ Фото: МИА

Шефот на албанската држава, Илир Мета е разочаран од одлуката на Уставниот суд, кој се прогласи за ненадлежен околу уставноста на локалните избори, одржани на 30 јуни 2019 година.

Бледар Дервишај, правен советник на претседателот Мета, пренесувајќи го ставот рече дека Уставниот суд „за интереси кои не се совпаѓаат со оние на албанскиот народ, се откажал од својата возвишена служба” и донесол „одлука без конечно решение”.

Став е дека Уставниот суд не ја исполнил својата мисија, туку „застанал на иста линија со владата”, сериозно наруѓувајќи ја транспарентноста и правниот процес.

-И покрај високото и легитимно очекување, пред сè на албанскиот народ, но и на меѓународните институции, кои го условуваа напредокот на процесот на отворање на преговорите и интеграцијата на Албанија, со исполнување на условот што Албанија требаше да го има, а тоа е конечна одлука на Уставниот суд за локалните избори од 30 јуни 2019 година, овој суд, за жал, ги разочара сите, рече Дервишај.

Според него Уставниот суд „немаше храброст да одговори на прашањата поставени од претседателот што беа на разгледување”: дали на Албанците им беше ускратено правото на глас тајно без влијание? Дали е уставно да се одржат избори без датум одреден од претседателот? Дали гласовите беа еднакви на вредностите и принципите? Дали датумот за избори може да го диктира Собранието? Дали може само еден кандидат да биде во трката?

Исто така додаде дека Уставниот суд сериозно ја наруши транспарентноста и правниот процес.

Локалните избори во Албанија се одржаа на 30 јуни 2019 година, за кога првично ги закажа Мета, но поради, како што објасни добиените информации од службите за големи немири, на 4 јуни ја поништи првата уредба и донесе нова со која ги презакажа за 13 октомври.

Владејачките социјалисти на Еди Рама, кои веќе ја имаа почнато изборната кампања не се согласија со тоа. Тие учествуваа на изборите кои ги бојкотираше здружената опозиција, предводена од Демократската партија.

На изборите од 61 избран градоначалник дури 60 се од редовите на социјалистичката партја а само еден, во градот Финиќ, од МЕГА, партија на албанските Грци.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот