Албанскиот претседател Илир Мета во посета на Дебар

Илир Мета. / Фото: МИА

Во организација на општина Дебар и дебарската заедница од Тирана утре во Дебар ќе биде одбележана 111- годишнината од Дебарскиот конгрес, значаен исторски настан за албанскиот народ, информираа од општината.

Според истиот извор, по тој повод во Дебар ќе престојува албанскиот претседател Илир Мета, кој најпрво ќе има средба со градоначалникот Хекуран Дука, по што ќе се обрати пред членовите на Советот на општината.

Во рамки на одбележувањето ќе биде одржана свечена академија на која поздравен збор, освен Дука и Мета, ќе имаат и собранскиот спикер Талат Џафери и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. За овој настан ќе зборуваат академици од  Северна Македонија и од Албанија.

Поканата за учество на Мета му беше врачена лично од градоначалникот Дука на средбата во Тирана на почетокот на месецов.

Дебарскиот конгрес уште наречен заеднички албанско-османлиски уставен конгрес, се одржал од 23-29 јули 1909 година во Дебар. Бил спонзориран од страна на Младотурската османлиска влада преку Младотурскиот Централен комитет „Единство и напредок” со цел да се влијае врз Албанците со мирни средства за нивен полојален однос кон османлиската влада. За претседател на Конгрсот бил избран ефенди Вехби Дибра ,муфтија на дебарскиот санџак. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот