Албанскиот претседател Илир Мета упати честитка до Македонците во Пустец по повод празникот Света Марена

Албанскиот претседател Илир Мета упати честитка до Македонците во Пустец по повод празникот Света Марена, наведувајќи дека неговите молитви ги обединува со прекрасната македонска заедница.

-Срдечна и од срце честитка до прекрасната, мирољубива и вредна македонска заедница на општина Пустец, која денес го слави празникот Света Марена, која не само што ги обединува луѓето, им дава надеж и храброст за иднината, туку и ги зацврстува нашите темели на соживотот. Ги обединувам моите молитви со оваа сакана заедница, за подобар живот, за повеќе мир и просперитет, радост и среќа во нивните семејства, напиша Мета на фејсбук, постирајќи фотографии од неговото присуство на одбележувањето минатата година.

Шефот на албанската држава лани на празникот посветен на Света великомаченица Марина (Марена), беше заедно со Македоцните на одбележувањето на патронот на манастирот „Света Марена” во селото Туминец

– Огромно е задоволство да се види толку многу народ денеска, посебно толку многу млади, кои ги негуваат традициите што некогаш беа забранети, млади кои сега гледаат со толку верба во иднината, рече тогаш Мета, честитајќи го „овој свет ден” и запали свеќа за здравје.

Заедно со свештеникот Алексо Темелко ја посети и пештерската црква „Света Богородица” на островот Мал Град. 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот