Албанскиот премиер од утре во дводневна посета на Република Турција

Албанскиот премиер Еди Рама утре ќе отпатува во дводневна официјална посета на Република Турција. Во рамки на посетата тој ќе оствари средба и со турскиот претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

-На планираните средби Рама со своите соговорници ќе разговара за случувањата во регионот, како и блатералните односи меѓу двете земји, наведува Ора њуз телевизија.

Според истиот извор,токму на овие теми, Рама во текот на денов телефонски разговарал со шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас.

– Иако официјална Тирана и Атина се согласија да се обратат до меѓународниот суд во врска со прашањето за морското разграничување, сè уште нема одлука кога тоа ќе го сторат, додава телевизијата.

Инаку, Рама кој се смета за голем пријател со Ердоган, во средината на септември минатата година беше во ненајавена посета на Турција на средба со шефот на турската држава, за која лично информираше Рама на социјалните мрежи каде постираше и заедничка фотографија.

-Со претседателот на Турција, мојот драг пријател, Реџеп Тајип Ердоган, во неговата летна резиденција во Мармарис, разговаравме за односите меѓу Албанија и Турција, предзвиците на времето, зајакнувањето на економијата во услови на пандемија со Ковид-19, унапредувањето на билатералната соработка , како и состојбата во регионот на западен Балкан,напиша тогаш Рама.

По средбата со Ердоган тој замина за Грција, каде во својство на претседавач на ОБСЕ учествуваше на собирот на тема „Зајакнувањето на кохезијата во турбулетното време во Европа” што се одржа во Атина.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот