Албанскиот писател Исмаил Кадаре добитник на “Американската Нобелова награда“

Балканвеб

Албанскиот писател Исмаил Кадаре е добитник на Меѓународната награда за литература „ Neustadt“, позната и како Американска Нобелова награда. Наградата од 50.000 американски долари се доделува секоја втора година на поети, романсиери или драмски писатели, јавува Балканвеб.

Списанието „Светска литература денес“ на Универзитетот за меѓународна литература и култура во Оклахома синоќа објави дека Исмаил Кадаре е 26-тиот лауреат на оваа меѓународна награда.

Роберт Кон Дејвис-Ундијано, извршниот директор на Денешна литература, истакна дека албанскиот писател Исмаил Кадаре е „еден од најголемите писатели во светот и шампион на демократијата и слободниот говор“. Кадаре исто така неколку пати беше номиниран за Нобелова награда за литература, но досега не успеа да ја добие.

Работата и делото на истакнатиот творец на албанската литература, Исмаил Кадаре, се познати ширум светот и тој продолжува да биде еден од највредните „бисери“ на албанската литература, пишуваат медиумите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот