Албанскиот парламент избра нов државен обвинител

Албанскиот Парламент денеска избра нов главен државен обвинител. Со 101 глас за, два против и 10 пратеници кои беа воздржани, на оваа позиција е избран Олсиан Чела.

Двајцата други кандидати, досегашната главна обвинителка Арта Марку, и Фатјона Мемчај, имаа многу помалку гласови од Чела. Марку имаше 11 гласа за, 22 против, додека 78 беа воздржани. Мемчај имаше осум гласа за, 16 против и 87 беа воздржани. Олсиан Чела својата кариера ја има започнато во 2001 година.

Во последните две години на оваа позиција беше поставена Арта Марку како вршител на должноста само со гласовите на владејачката Социјалистичка партија, откако тогашниот Адриатик Лала, поднесе оставка поради сомненија за вмешаност во корупција. Главниот државен обвинител се избира со мандат од седум години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот