Албанскиот Хелсиншки комитет со обвинување: Дискриминација во третманот на затвореници со ковид-19

Албанскиот Хелсиншки комитет обвини дека затворениците кои биле заразени со ковид-19, или сомнителни на вирусот, биле дискриминирани во нивниот здравствен третман.

– Досега регистрирани како позитивни на ковид-19 се 157 затвореници, но кога станува збор за нивниот, како и третманот на сомнителните случаи има дискриминација. До ваков заклучок дојдовме по мониторингот во затворите, каде немаше опрема и лекови за лекување на затвореници во двете болници на затворот и зградата број 5 во Лежа, наведува Комитетот.

Додава дека дури и кога биле испратени во цивилни болници, имало појава на незаинтересираност кај лекарите, откако ќе ги виделе со лисици на рацете, што го потврдувале затворениците но и самите лекари.

Од друга страна, Хелсиншкиот комитет забележал дека и лекарите од затворите ја имаат истата судбина на нееднаков третман во споредба со нивните колеги од цивилните болници.

Од Управата за санкции велат дека ги следеле препораките на епидемиолозите за третман на заразени затвореници или за изолација за да нема ширење на заразата во ќелиите.

– Продолжуваме со почитување и на препораките за толеранција доставени од судовите со кои во овој период на пандемија осомничени лица за полесни кривични дела се пуштаат дома. Од оваа препорака профитираа 450 лица, со образложение дека е можно да биле заразени или можни преносители на вирусот во затворите, наведуваат од Управата за санкции.

Поради пандемијата а со цел да се намали пренатрупаноста во затворите и дел од осудените лица за полесни кривични дела беа привремено ослободувани, со препорака да не излегуваат од дома, а од почетокот на пандемијата во сила е забраната за посети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот