Албански професор снимен како бара секс од студентка, полицијата веднаш го приведе (ВИДЕО)

Тв Клан

Истражното шоу на албанската Телевизија Клан синоќа објави друг скандал преку скриена камера. Со звук и слика шоуто ”Стоп” документираше како професор по име Денис Химчи бара од студентка интимни односи во замена за да ги положи испитите. Не само за неговиот предмет, туку доколку девојката беше спремна за тоа што го бараше професорот, тој ќе и ги средел сите испити, корумпирајќи ги своите колеги со подароци.

Целиот настан се случува во Универзитетот „Александар Џувани“ во Елбасан, Албанија. Студентката за која станува збор, со малку „трудољубивост и подготвеност“, ќе ги положеше, за неколку дена, сите испити од два семестри. Дури професорот неа би ја третирал добро и со подароци, телефони и платени масажи во естетските центри во Тирана.

Веднаш по објавувањето на снимката во Тв Клан, полицијата на Елбасан го приведе професорот Денис Химчи, кој е на 36 годишна возраст и е обвинет за вршење недозволено влијание врз лицата кои вршат јавни функции и пасивна корупција на лица кои вршат јавна функција.

Видеото можете да го погледнете ТУКА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот