Албански политичари и бизнисмени ќе бидат прогласени за непожелни во Британија

Британскиот амбасадор во Албанија Алестер Кинг-Смит / Фото: Твитер

Амбасадорот на Велика Британија во Тирана, Алестер Кинг-Смит најави дека неговата земја ќе прогласи за непожелни повеќе албански државјани, меѓу кои и политичари и бизнисмени.

Британскиот дипломат додаде дека овие санкции ќе опфатат политичари и бизнисмени кои „негативно влијаеле врз напредокот и демократизацијата на земјата“.

– Се сеќавате дека во јули минатата година го најавивме првиот бран акции и санкции против некои албански граѓани и можам да ви кажам дека ќе видите понатамошни активности во текот на оваа година. Се погриживме да имаме избалансиран однос кон сите луѓе од политиката, бизнисот и така натаму, изјавил амбасадорот, јави „Ора њуз“.

Велика Британија во јули лани го прогласи за непожелен во земјата поранешниот албански претседател и премиер, Сали Бериша, кој во мај 2021 беше ставен и на „црната листа“ на американскиот Стејт департмент.

Амбасадорот Кинг-Смит се осврна и на масовната миграција на Албанци во неговата земја, повикувајќи ги жителите на земјата да не ризикуваат илегално да влегуваат во Британија, бидејќи ќе бидат депортирани.

Во однос на локалните избори во Албанија кои ќе се одржат на 14 мај, тој порача дека е важно да не се злоупотребуваат државните ресурси за партиски интереси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот