Албански министер бара Србија да плати воена отштета на Косово

Вршителот на должноста министер за надворешни и европски прашања на Албанија, Гент Цакај изјави денеска дека Србија треба да го иницира прашањето за плаќање на воена отштета на Косово и оти процесот на нормализација на односите меѓу двете земји треба да заврши со признавање на независноста на Косово.

На средбата со амбасадорот на Косово во Тирана, Наит Хасани, Цекај ја потенцираше потребата од заедничка политичка акција против кампањата на Србија за повлекување на признавањата на Косово.

Тој, исто така, на Фејсбук напиша дека соработката меѓу двете држави би можела да се зајакне преку создавање заеднички пазар и единствена царинска унија.

-Посебно ја истакнавме потребата од заедничко дејствување на Албанија и Косово кога станува збор за воените злосторства, проектите на етничко чистење и геноцидот кој Србија го направи во Косово. Нормализацијата на односите меѓу Косово и Србија, исто така, значи однос кон системските злосторства против албанскиот народ во Косово- напиша на Фејсбук Гент Цакај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот