Албански фудбалер е главен негативец во Бундеслигата, собори рекорд во жолти картони

2020. EPA-EFE/Friso Gentsch

Албанскиот репрезентативец Клаус Ѓасула денеска во рамките на 31. коло од Бундеслигата постави негативен рекорд во историјата на германскиот фудбал.  Тој стана рекордер во Бундеслигата по бројот на добиени жолти картони.

Фудбалерот на Падерборн на средбата против Вердер во 32. минута го доби 17. жолт картон сезонава. Тој одигра 27 натпревари за својот тим, а интерсно е што ниту еднаш не е исклучен. Во Бундеслигата по пет добиени жолти картони следува суспензија од еден натпревар.

Ѓасула од 2018 година игра за Падерборн, а претходно беше член на низа нисколигаши.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот