Албански државјанин нападнал полицајци во Струга

Дваесет и двегодишен албански државјанин вчера бил лишен од слобода во Струга поради „спречување службено лице во вршење на службени дејствија”.

Секторот за внатрешни работи Охрид денеска соопшти дека Ј.Д. од Република Албанија околу 14 часот бил запрен од полицијата на улица „Партизански одреди” додека управувал патничко возило „Мерцедес” со албански национални ознаки. Во возилото, како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, имало уште две лица кои немале документи за идентификација.

– При преземање на службените мерки, Ј.Д. (22) физички им се спротивставил на полициските службеници. Двете лица се приведени во полициска станица, при што е утврдено дека станува збор за албанските државјани Д.У. (19) и К.А. (20), изјави Димоски.

По насока на јавен обвинител, лицето е задржано во Полициската станица Струга и по целосно документирање на случајот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот