Албански брод спаси 140 емигранти во Егејското Море, меѓу нив 30 деца – Слободен печат
ВестиРегион

Албански брод спаси 140 емигранти во Егејското Море, меѓу нив 30 деца

Албанскиот екипаж помогна да стигнат сигурни до брегот 140 емигранти Авганистанци и Сиријци, од кои 30 деца.

Албанскиот брод „Орику“, дел од мисијата на НАТО во Егејското Море, последните денови се соочи со бран бегалци. Албанскиот екипаж помогна да стигнат сигурни до брегот 140 емигранти, Авганистанци и Сиријци, од кои 30 деца.

„Во соработка со турската и грчката крајбрежна стража, бродот „Орику“, дел од операцијата на НАТО „Sea Guardian”, за три дена асистираше во спасувањето на четири глисери со кои патуваа возрасни и деца.

Од 2016 година кога Албанија стана дел од мисијата на НАТО во Егејското Море, екипажот на овој брод спасил повеќе од две илјади деца, жени и мажи, јавува ТЧ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close