Албански  биткоин хакер  украл повеќе од 500.000 евра

Албанските инспектори се приклучија на меѓународен истражен тим за да откријат мрежа на хакери кои успеале да украдат 504.000 евра. Се сомнева дека во таа мрежа се наоѓа 28-годишен државјанин на Албанија, на  кого посочија одредени траги.

Според порталот Репортери, за мистериозниот хакер се трага по серија акции извршени од Бугари и Германци кои посочуваат дека младиот Албанец е одговорен за измами и има улога во плаќање на домени, веб-страници и ИТ-инфраструктура.

Мрежата на измамници функционираше така што на веб-страниците претставени како крипто пазари привлекувала жртви и им ветувала дека ќе тргуваат со акции и криптовалути

Откако жртвите се регистрирале на платформата морале да остават лични податоци и телефонски број, сторителите ги контактирале предлагајќи им да инвестираат во мали количини со ветување дека брокерот ќе инвестира голема валута. По некое време, повиците престанувале, а  вложените пари исчезнувале.

Италијанската полиција и Интерпол го открија најголемиот грабеж во берзата за Биткоин

Биткоинот на почетокот на овој месец достигна рекордна вредност од 21.298 долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот