Албанската разузнавачка служба цел на сајбер напади

Сајбер напад / Фото: МИА

Освен Владата на Албанија, нападнати се и владите на Ирак, Грција, Кипар.

Најмалку три клучни разузнавачки извори за новинската агенција „Ројтерс” изјавиле дека Турција стои зад бранот кибер напади насочени кон неколку влади и владини агенции во Европа, вклучувајќи ја и Албанија, јавија денеска албански медиуми.

Според изворите на „Ројтерс“, албанската државна разузнавачка служба, ШИШ, е меѓу оние кои биле мета на напад и дека Турција „присвоила” стотици кориснички имиња и лозинки на албанската разузнавачка служба. Од друга страна, пак од ШИШ тврдат дека ги оценуваат како планирана инфраструктура целите на турските напади и додаваат дека не чуваат „никакви класифицирани информации” ниту пак „ државни тајни на кое било ниво“, пренесува Euronews.al.

Според медиумите, субјектите што ги извршиле нападите не се директно идентификуваат со турската влада, но според двајца британски официјални претставници и еден Американец кој го истражувал случајот, постојат јасни знаци дека станува збор за операција за кибер-шпионажа спонзорирана од државата со цел унапредување на турските интереси. Нападите се случувале уште од почетокот на 2018 година.

Освен Владата на Албанија, нападнати се и владите на Ирак, Грција, Кипар. Турското Министерство за внатрешни работи одбило да го коментира ова прашање.

Поранешниот шеф на Албанската тајна служба, ШИШ, Фатос Кљоси гостувајќи во студиото на Евроњуз Албанија, рече дека овие информации што ги објави новинската агенција Ројтерс треба да бидат земени предвид.

Според него, секоја информација треба да се земе во предвид, службите да ги земат во предвид во целина и секако, да се третираат, без разлика дали биле вистинити или не, до кој степен биле вистинити. Како информација,додава ,мора да се разгледа.

-Во овие работи нема пријатели. Секој работи за себе. Тогаш пријателството прави дел од она што го знаете да му го кажете на друг, но никогаш не целосно. Ова е логично и ова е традиција. Секоја земја без оглед колку се пријателски расположена, има што да научи од друга земја секако секоја за сопственте интереси. Кога за прв пат ја слушнав веста се изненадив. Од каде дојде? Бидејќи ниту една од двете служби, без разлика дали е албанска или турска, нема интерес да каже. Ројтерс е голема агенција и треба да и верувате, но исто така и нејзе до одреден степен, изјави Кљоси.

Посочува дека овие работи поврзани со разузнавачките служби обично не се коментираат.

-Во целина ваквите нешта, кои се поврзуваат со разузнавачките служби, не се коментираат, бидејќи нема смисла,зашто целата работа на службата е тајна. Тие се обидуваат да ги задржат своите тајни. Секој коментар би бил одобрување или неодобрување на проблемот, рече Клоси.

На прашањето колку е во опасност Албанија од кибер напади, Клоси вели дека е повеќе изложена од другите земји затоа што има ново искуство во областа на компјутерите.

-Не е добро, бидејќи хакерите успеаја да пробијат дури и многу важни кодови на важни институции. Албанија во овој поглед секако има повеќе проблеми од другите земји, бидејќи тие се понапредни во компјутерите.За работите што ние ги знаеме подобро од другите, за сите области, криминалот, тероризмот, политичка состојба, има многу проблеми за што соседите се особено заинтересирани за она што се случува во Албанија. И ние имаме работи што не сакаме да ги знаат другите, рече поранешниот шеф на албанската тајна служба ШИШ, Фатос Кљоси,на чие чело беше во перодот од 1997 до 2002 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот