Албанската полиција заплени поголеми количества хероин и марихуана

Полициско возило на Албанија / Фото: МИА

Албанската полиција на граничните премини Какавија со Грција и на Морина со Косово заплени хероин и марихуана, кои требало да бидат прошвецувани во соседните земји.

На преминот Какавија, кај јужниот град Ѓирокастро, при контрола на камион откриени се 15 килограми хероин, а уапсен е 63-годишен жител на Елбасан.

– Врз основа на анализата за ризик направена од граничната полиција и размена на информации со структурите на полицскиот комесаријат од Ѓирокастро, во рамките на полициската акција под кодно име „Координација”, на излез, на контрола во втората линија, открени и запленети се 15 килограм хероин, чија крајна дестинација бил грчкиот нарко пазар, соопшти полицијата.

На север пак, на преминот Морина, уапсени се две момчиња од Косово на возраст од 24 и 25 години, во чиј автомобил полицијата открила поголемо количество марихуана.

Дрогата била открена по детална контрола, на излез од албанска територија, откако граничната полиција се посомневала поради вознемиреноста кај нив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот