Албанската полиција уапсила Косовец за обид да шверцува арсенал оружје

Полицијата од албанскиот град Елбасан вчера уапси косовски државјанин откако во неговиот автомобил пронашла арсенал оружје, како и експлозив.

– Уапсено е лицето И.А.(51) жител на Подуево, Косово во обид да шверцува оружје и експлозив кои ги набавувал во Србија и други земји, по што ги транспортирал во Косово со крајна дестинација Албанија. Запленети се 19 пиштоли од различен калибар, 400 куршуми и 1,6 килограми експлозив ТНТ, стои во полициското соопштение.

Косовецот бил запрен на патот Елбасан-Пеќин и при контролата на возилото оружјето и експлозивот биле откриени во посебни места, кај моторот, багажникот, вратите.

Акцијата следувала по добиени информации по оперативен пат за можен обид за шверц на оружје и муниција.

Пред два дена полицијата во пристанишниот град Драч заплени муниција од различен калибар. Уапси двајца жители од градот Фиер при обид да ја прошверцуваат за Италија. Муницијата била открена во нивните патни торби при влез во траектот кој сообраќа на релација Драч-Бари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот