Албанската полиција уапсила Косовец за обид да шверцува арсенал оружје - Слободен печат

Албанската полиција уапсила Косовец за обид да шверцува арсенал оружје

Полицијата од албанскиот град Елбасан вчера уапси косовски државјанин откако во неговиот автомобил пронашла арсенал оружје, како и експлозив.

– Уапсено е лицето И.А.(51) жител на Подуево, Косово во обид да шверцува оружје и експлозив кои ги набавувал во Србија и други земји, по што ги транспортирал во Косово со крајна дестинација Албанија. Запленети се 19 пиштоли од различен калибар, 400 куршуми и 1,6 килограми експлозив ТНТ, стои во полициското соопштение.

Косовецот бил запрен на патот Елбасан-Пеќин и при контролата на возилото оружјето и експлозивот биле откриени во посебни места, кај моторот, багажникот, вратите.

Акцијата следувала по добиени информации по оперативен пат за можен обид за шверц на оружје и муниција.

Пред два дена полицијата во пристанишниот град Драч заплени муниција од различен калибар. Уапси двајца жители од градот Фиер при обид да ја прошверцуваат за Италија. Муницијата била открена во нивните патни торби при влез во траектот кој сообраќа на релација Драч-Бари.

Прочитај повеќе

Словенија повлече шест и пол тони унгарско мисиркино месо поради птичји грип

Слободен Печат

Шпанските Балеарски Острови воведуваат мерки против пијаните туристи – го забранија ефтиниот алкохол

Слободен печат

Трудо најави финансиска помош за семејствата на жртвите при падот на украинскиот авион во Иран

Слободен Печат

Процесот против Трамп во Сенатот продолжува во вторник

Слободен Печат

Трогателен говор на момче кое го загуби таткото во уривањето на украинскиот авион: „Како да сонувам“ (ВИДЕО)

Слободен печат

По стравичниот земјотрес: Започна судскиот процес за 32 лица кои неодговорно граделе згради во Албанија

Слободен печат

Остави Коментар

2 + 9 =

Прочитај повеќе

Земјотрес од 4,6 степени ја погоди соседна Грција

Слободен печат

Рама за првпат реагираше по тужбата против Харадинај

Слободен Печат

Хезболах предупреди: Во Либан ќе завладее хаос ако земјата не добие нова влада

Слободен Печат

Зеленски не ја прифати оставката на премиерот за да не ја дестабилизира Украина

Слободен печат

Грета од Лозана им порача на светските лидери: Сѐ уште немате видено ништо, доаѓаме во Давос

Слободен печат

Уапсени шестмина измамници во Бугарија: Со лажни венчални листови се стекнувале со недвижнини

Слободен Печат