Албанската опозиција денеска повторно ќе протестира во Тирана

Фото: Принтскрин

За денеска се закажани нови проитести во Тирана.  Ова ќе биде шестиот по ред „национален протест“,кој ќе почне во 19:00 часот пред Владата во Тирана.

Лидерот на Демократската партија, Љуљзим Баша, на синоќешниот собир во градот Бурел, рече дека Албанците се одлучни да ја земат судбината во свои раце.

Инаку, албанските власти ги преземаат сите мерки на безбедност. Владата и Парламентот се оградени со железни огради, а за безбедноста ќе се грижат околу 2.000 униформирани и цивилни лица вработени во МВР.

Во своето обраќање тој не го поштеди од обвинувања премиерот Еди Рама,за кого рече дека „нема ни достоинство, ниту чест“.

-Еди Рама, кримииналец, крадец, кој нема ниту достоинство, ниту чест. Доколку имаше тронка достоинство ќе си заминеше како што тоа го направија премиерите на Австрија и на Велика Британија. Помошта и придонесот на Германија и САД да ја решат кризата во земјава е неопходна, но за условот кој се однесува на заминувањето на Еди Рама нема преговори – порача Баша.

Посочи дека опозицијата нема да направи ни чекор назад во „битката за живот или смрт“ и ги повика албанските граѓани што помасовно да присуствуваат на протестот,кој е предвидено да трае четири часа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот