Албанската опозиција бара измени на територијалната поделба на земјата

Газменд Барди од ПД додава дека територијалната реформа не успеала, а овој неуспех е на „штета на граѓаните кои денес немаат врата каде може да добијат потребна услуга”.

Албанската обединета опозиција, која бараше изборни реформи сега е и со барање за измени на територијалната поделба на земјата.

Неколку недели откако седна со владејачкото мнозинство околу изборните реформи, главната опозиција сега повикува на промена на територијална поделба, усвоена од Парламентот во 2014 година само со гласовите на пратениците од владејачкото мнозинство.

– Разгледувањето на административните реформи е итна потреба. За Демократската партија (ПД) тоа е една од трите клучни точки. Да одлучуваше нашата партија, оваа реформа не требаше да се донесе, таа е политичка карта и секој час и минута што поминува е на штета на граѓаните, а не гарантира еднаквост и за партиите на изборите, изјави Газменд Барди од ПД.

Прочитајте и...  Европската банка за обнова и равзој е значаен партнер на Македонија за успешно исполнување на критериумите за ЕУ

Додава дека територијалната реформа не успеала, а овој неуспех е на „штета на граѓаните кои денес немаат врата каде може да добијат потребна услуга”.

И лидерот на Републиканската партија Фатмир Медиу смета дека може заедно со изборните реформи да се дискутира и околу ова прашање.

– Тие ја вратија земјата во времето на диктатурата кога беа назначувани градоначалниците, а со оглед на тоа што се наоѓаме во ваква состојба по локалните избори од 30 јуни, императив е да им се даде шанса на луѓето да ги гласаат градоначалниците. Потребна е темелна анализа и да се изнајде кој е најдобриот начин, вели Медиу.

Со законот за новата територијална поделба бројот на општините од тогашните 385 се намали на 61. Опозицијата бараше тој број да биде најмалку 80.

Прочитајте и...  Стојановски: Енергетската заедница забранува да се даваат било какви државни субвенции во енергетскиот сектор

Против новата територијална поделба беа и Македонците бидејќи беа укинати општините Требиште, Острени и Стеблево во Голо Брдо, па првите две се приклучија кон општина Булќиза, како и Шиштевац и Запот во Гора, кои сега се под општина Кукс. Единствена македонска општина остана Пустец. И Македонците во континуитет бараат промена на законот со што областите Гора и Голо Брдо да бидат посебни општини, како што тоа го бараа и пред донесувањето на законот.

Прочитај повеќе

ХИВ позтивни жени во Јужноафриканската Република биле стерилизирани без нивна согласност

МИА Агенција

Исламски џихад го прекина огнот со Израел

Слободен печат

Кинескиот амбасадор во Москва тврди: Кина има вакцина за новиот коронавирус

МИА Агенција

Доларот профитира поради стравот од брзото ширење на коронавирусот

Слободен печат

Партијата на Харадинај бара да не се укинуваат таксите за српските производи

Слободен печат

Илјадници мајмуни заразени од коронавирус: Научниците експериментираат за да дојдат до ефикасна вакцина (ВИДЕО)

Слободен печат

Остави Коментар

осум + 4 =

Прочитај повеќе

Нетанјаху нареди да продолжат нападите врз појасот Газа

МИА Агенција

Нови снимки на НАСА: На Антарктикот за шест дена се стопиле десет сантиметри мраз

Слободен печат

Продажбата на паметни телефони во Кина опадна за повеќе од една третина

МИА Агенција

Секаде е празно, се чувствува надреална атмосфера од непознатиот непријател

Слободен печат

Детали за инцидентот на карневал во Германија: Возачот намерно влетал во карневалската поворка

Слободен печат

Хрватска: Шест тестови за коронавирусот се негативни, пет нови сомнителни случаи во Риека

Слободен печат