Албанската модна дизајнерка Ненси Дојака го освојува модниот свет, познатите „полудеа“ по нејзините фустани

Познати дами во дизајни на Ненси Дојака / Фото: Принтскрин/Инстаграм/nensidojaka

Албанската модна дизајнерка Ненси Дојака која живее и работи во Лондон, Велика Британија го освојува модниот свет. Дојака дипломирала на „Central Saint Martins“ во 2020 година.

28-годишната дизајнерка е позната по нејзините препознатливи мрежести фустани и ја доби наградата „LVMH“ за 2021 година за нови таленти.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nensi Dojaka (@nensidojaka)

Модна сензација

Нејзините креации на модните писти ги носат најбараните светски манекенки, а на црвениот тепих во нив шетаат познати актерки и музичари. Несомнено, Дојака го освои модниот свет.

Албанската дизајнерка, која ги прикажува своите колекции на модната недела во Лондон, со својата најнова ревија го зацементира своето место на модната сцена.

Нејзините креации се различни, внесуваат свежина во секси облекувањето и користи исклучиво интересни материјали, па не е ни чудо што стана најбарана меѓу познатите жени.

Nensi Dojaka
Ненси Дојака / Фото: Stefano Trovati/ SGP / Profimedia

За пролет/лето 2023 година, Дојака претстави колекција во која за првпат употреби бои, но и мотиви како срца.

Минатата година Дојака ја доби престижната награда „LVMH“ за својот дизајн. Дипломирала на престижното училиште „Central Saint Martins“ каде го лансираше својот истоимен бренд во 2017 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nensi Dojaka (@nensidojaka)

На само 16 години се преселила од Тирана во Лондон за да студира. За време на студиите, таа била практикант за дизајнерски брендови како Питер Пилото и Фјодор Голан.

Дизајнерката е позната по нејзините фустани и парчиња инспирирани од долна облека кои ја оживуваат естетиката од 90-тите. Таа несомнено црпи инспирација за своите дизајни од имиња како Хелмут Ланг и Ен Демеулемистер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nensi Dojaka (@nensidojaka)

Емили Ратајковски, Софи Тарнер, Ема Корин, Кери Малиган и Бела Хадид се само дел од ѕвездите кои гордо ја носат нејзината облека.

„Кога почнав, имав многу млада база на клиенти, а сега колекцијата се развива со малку повеќе кроење и посилен изглед, малку се менува, бидејќи се појави поширока публика и сакам да ја направам многу поразновидна“, изјави Дојака.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот