Албанската актерка Арјола Демири со еротска изведба на сцена: Мажите се возбудија

Express

Арјола Демири ги кршеше табуата на театарската сцена со својата сензационална улога.

Познатата албанска актерка од Тропоја, мораше да одглуми мастурбирање на сцена во монодрамата „Љубов на девицата Мадалена“ и ова изгледа дека не предизвика добри реакции кај машката публика.

Поканета во емисијата „Opinion” за да зброрува за убавината, актерката рече дека се обидела да не прави вулгарни нешта, но и покрај тоа машкиот дел од публиката се возбудил.

– За време на последната монодрама која ја изведував, на мажите повеќе умот им беше во возбудата отколку да уживаат или да ја примат пораката што ја пренесувам… Всушност не направив нешто што некој актер претходно не го направил … Се обидов да не претерувам, да не правам вулгарни работи, но да бидат естетски прифатливи за сите. Мажите се чувствуваа возбудени – рече актерката.

Што се однесува до приватниот живот, актерката има три деца и е разведена од нивниот татко, пренесува Експрес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот