Албанка приведена од делчевската полиција поради обид за убиство

Фото: Архива на „Слободен печат“

Поради обид за убиство од 2016 година, во Полициското одделение од општа надлежност Делчево приведена е А.О. (30) од Република Албанија.

Приведената чие место на живеење е делчевското село Тработивиште, како што соопштија, од полицијата е приведена синоќа во 2.15 минути по полноќ.

– На 11 октомври 2021 во 2.15 часот од полициски службеници од Полициската станица Делчево, поради основано сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид”, лишена од слобода била А.О. (30) од Република Албанија, а со место на живеење во село Тработивиште, делчевско. А.О. кривичното дело го сторила во 2016 година, информираат од полицијата.

Лицето А.О. се товари врз основа на чл. 123, а во врска со чл.19 од Кривичниот законик.

Триесетгодишната Албанка била задржана во полициска станица за понатамошна постапка.

Извор: МИА

Видео на денот