АЛБАНКА ОД СИРИСКИ КАМП ПРЕДУПРЕДУВА: „Исламска држава се приближува, сакаме да си заминеме“

Фото: Принткрин/Топ Чанел

По смртта на нејзините родители, 17-годишната Албанка Елона Шули сама во Сирија се грижи за нејзиниот тригодишен син Сухајад, нејзините две сестри Ерма и Јусра, како и нејзиниот помал брат Ибрахим, објави „Топ Чанел“.

Состојбата во кампот „Ал Хол“ се влоши со влегувањето на силите на Исламската држава во Сирија и Ирак, меѓутоа Елона во една аудио снимка им кажува на членовите на семејството дека тие сè уште се во рацете на курдските власти, додека пак ИД се доближува.

– Слушајте, немам адреса тука за да разговарам со Премиерот, но вие доколку имате, сакам ми ја дадете за да разговарам со него. Ситуацијата тука е опасна. Не грижете се, ќе зборуваме за тоа што ќе се случи – вели Елона Шули.

Како што се слуша во аудиото што го пренесува Топ чанел, 17-годишната девојка и покрај тешкотиите се убидува да го најде патот за да се врати во Албанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот