Албанија загрижена за масовната имиграција, сѐ помалку работна сила во земјата

Тирана, Албанија
Тирана, Албанија / Фото: EPA/ARMANDO BABANI

Масовната имиграција ја намалува работната сила и долгорочно може да влијае на економскиот раст на земјата.

Загриженоста, како што јави Топ чанел, ја изнесол гувернерот на Централна банка на Албанија Гент Сејко, при презентацијата на Извештајот за транзиција за периодот 2022-2023 година, подготвен од Европската банка за обнова и развој(ЕБОР).

„Како земја со богата историја на имиграција, Албанија ги доживеа и нејзините позитивни и негативни страни. Од една страна, оваа појава генерира девизни приливи и општо зголемување на знаењето и експертизата, кои се неопходни за развојот на земјата. Од друга страна, ја намалува работната сила – особено во нејзините најквалификувани сегменти – и е на штета на долгорочните изгледи за раст. Потребна е подобра координација на меѓународно ниво, да се води сметка придобивките од емиграцијата и слободното движење на луѓето да бидат што поправедно споделени меѓу земјите“, оценил Сејко.

Според извештајот на ЕБОР, албанската економија значително ќе забави оваа година и се очекува растот да биде 3 отсто, најоптимистичката прогноза досега, истакнувајќи ја високата инфлација како еден од најголемите ризици.

„Продолжувањето на структурните реформи е многу важно и ќе игра клучен фактор за економскиот раст. Во ова време на криза, особено за време на пандемијата, фокусот беше ставен на опстанокот, но сега треба повторно да почнеме да размислуваме за овие реформи“, рече претставникот на ЕБОР, Кристоп Денк.

Според гувернерот Сејко, се очекува забавување на инфлацијата во текот на оваа година. Според него се очекува таа да се врати на целта на Централна банка од 3 отсто во првата половина на 2024 година.

Инаку албанските иселеници редовно им испраќаат пари на своите семејства во Албанија, кои минатата година достигнале 1,1 милијарда евра.

Во студијата спроведена од Светска банка и Централна банка на Албанија за периодот 2013-2018 година, произлегува дека едно семејство во просек добивало по 2.000 евра секоја година.

Секое 5 семејство во Албанија живее со паричната помош од нивните роднини заминати на печалба

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот