Албанија за 80 години ќе се преполови

Фото: Профимедиа

Бројката на населението на Албанија се намалува со голема брзина, но предупредувањето кое пристига од меѓународните експерти е страшно. Тие ја предупредуваат политичката сцена во оваа земја, дека со ова темпо, ќе дојде еден ден кога нема да имаат кого да водат, бидејќи Албанците или ќе заминуваат или ќе умираат, пренесува Коха Јоне.

Извештај објавен од страна на експертите на ОН, според порталот Watson, дава прогноза за светското население до 2100 година. Дотогаш, 10,8 милијарди луѓе ќе живеат во светот. Половина од нив ќе живеат во десет земји, меѓу кои во Кина и Индија.

Меѓу државите кај кои ќе расте бројот на жителите до 2100 година, рекордот и останува на Нигерија, со 608%. Потоа доаѓа Ангола, Танзанија, Сомалија и Замбија. Но, кај земјите чија популација ќе се намали најмногу, рекордот го држи Албанија. Бројот на жители во оваа земја до 2100 година ќе се намали за 62,2%.

„Наместо 2,9 милиони жители кои живеат денес, до 2100 ќе останат еден милион жители, пад од две третини”, пишува Watson.

По Албанија доаѓа Порто Рико, Србија, Босна, Молдавија, Бугарија и Хрватска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот