Албанија: Во еден ден регистрирани 141 новозаболени лица од Ковид-19

Тирана, Албанија, 2020 / Фото: Gent SHKULLAKU / AFP / Profimedia

Во Албанија и понатаму негативни рекордни бројки на новозаразени во едно деноноќие односно регистрирани се 141 случаи на Ковид-19, што е највисока бројка до сега, од појавата на пандемијата во првите денови од месец март.

– Во изминатите 24 часа, од направените 625 тестови на сомнителни случаи, позитиивен резултат е добиен кај 141 од нив, што е највисока бројка до сега. Во исто време битката со опасниот вирус ја добија 72, а ја изгубија три лица, изјави Ровена Даја од албанскиот Институт за јавно здравје.

Таа додаде дека од почетокот на месецов зголемен е и бројот на направени тестови, што во претходниот период бил во просек по околу 400 тестови дневно.

-До сега направени се вкупно 47.676 тестови, позитивен резултат е добиен кај 6.917, излекувани се 3.552, а за жал починаа 208 луѓе, а активни на болеста се 3.057 лица. Во двете ковид болници се третираат 116 пациенти, од кои 24 се во тешка здравствена состојба, додаде д-р Даја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот