Албанија веќе не е сива зона на европската мапа

Тирана, Албанија
Тирана, Албанија / Фото: EPA/ARMANDO BABANI

Албанија,  земја која претходно беше запоставена, неодамна стана една од најперспективните туристички дестинации во Европа.

Влада на Р. Албанија / Фото: Принтскрин / Јутјуб

Според ИНСТАТ, во јануари годинава во Албанија пристигнале 377.211 странци, што е зголемување од 94,2 отсто во однос на истиот период минатата година. Овој пораст е импресивен, со оглед на тоа што во Европа овој период се смета за „вон сезона“ кога бројот на туристи на други места значително опаѓа.

Минатата година, Албанија беше посетена од 7,5 милиони туристи , што е за 32% зголемување  во однос на 2021 година. Доколку продолжи сегашниот тренд, претходниот максимум на земјата лесно може да се надмине до декември.

Парламент на Република Албанија / Фото: Архива

Големи делови од најјужниот брег на Албанија, познат како албанска ривиера, останаа неразвиени, така што природата е недопрена, плажите се неуредени, а градовите со традиционалната калдрма, каде генерации семејства живееле со векови, неизвалкани од надворешни влијанија.

химара албанија
Химара, Албанија / EPA-EFE/MALTON DIBRA

Тирана, прекрасниот хаотичент главен град, е познат по својата кафе култура. Неодамна Тирана беше прогласена за престолнина на младите во Европа која го негува мултикултурализмот што произлегува од децениите интербалканска миграција и големата иселеничка заедница и се вројува меѓу четирите најневеројатните и најевтините дестинации за дигиталните номади оваа година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот