Албанија: Утврдени четири кандидатури за нов лидер на Демократска партија

Претседателството на најголемата албанска опозициска сила Демократската партија (ПД) ги утврди кандидатите кои ќе ја побараат довербата на членството за нов партиски лидер на 13 јуни.

Тоа се актуелниот лидер, Љуљзим Баша, Фатбард Кадили, Едит Хаџи и Агрон Шехај.

Кандидатури доставиле девет лица, но петмина се одбиени, поради неисполнување на критериумите предвидени со статутот на партијата.

– Петмината не се партиски членови, не се запишани во регистарот на симпатизери на Демократската партија и немаат политички профил, стои во образложението.

Најголемо изненадување е недоставувањето кандидатура од поранешниот шеф на државата и актуелен претседател на Националниот совет, Бујар Нишани, кој се сметаше најсериозен кандидат за партиски лидер.

Утврдените кандидати од денеска ќе имаат можност да водат кампања, запознавајќи го членството со своите платформи. Тоа може да го прават до 11 јуни, а два дена подоцна ќе се избира новиот претседател на ПД, по принципот еден член еден глас.

Баша не присуствуваше на седница на Претседателството, поради конфликт на интереси.

Тој третпат бара довербата. На функцијата претседател на ПД дојде по оставката на дотогашниот лидер Сали Бериша, по поразот на парламентарните избори во 2013 година, а беше реизбран пред четири години, кога партијата повторно претрпе пораз на изборите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот