АЛБАНИЈА СЕ ПОПИШМАНИ: Не му ја донира иконата „Воскресение на Свети Лазар“ на УНЕСКО

Фото: Миа

Албанската Влада ја поништи одлуката, што ја донесе пред една година, со која на УНЕСКО требаше да му ја донира иконата „Воскресение на Свети Лазар”.

Врз основа на новодонесената одлука иконата не може да стане сопственост на УНЕСКО.

„Иконата успешно е реставрирана и владата сакаше да ја донира на УНЕСКО. Сега владата одлучи таа да остане во Албанија“, наведува тиранската телевизија Топ чанел.

– Се укинува одлуката на Советот на министри бр.564, од 29 септември 2018 година, за донација на УНЕСКО на иконата „Воскресение на Свети Лазар”, во рамки на 60-годишнината од членството на Албанија во оваа организација, пишува на одлуката потпишана од премиерот Еди Рама.

Уште стои дека одлуката е донесена врз основа на член 100 од Уставот и член 113 од Законот за административна процедура на Албанија по предлог на Министерството за култура, кое е надлежно за нејзино спроведување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот