Албанија: Рекорден број новозаразени, се вработува дополнителен медицински кадар

 Во Албанија забележан е нов негативен рекорд на позитивни случаи на Ковид-19 во едно деноноќие, од почетокот на пандемијата на деветти март кога болеста беше дијагностицира кај татко и син по нивното враќање од Италија.

Според Министерството за здравство и социјална заштита од направен 586 тестови во последното деноноќие, позитивен резултат е добиен кај 135 лица, што е највисока бројка до сега. И понатаму Тирана останува главното жариште на болеста, од каде се 113 од новозаразените.

Во исто време во списокот на оздравени внесени се 72 или вкупно 3.227 а починало едно лице или 189 до сега.

Со последно дијагностицираните, вкупната бројка на заразени изнесува 6.151,додека активни на болеста се 2.735 лица. Како што информираше Министерството околу 1.600 матични лекари на целата територија на земјата ја следат состојбата на заболените кои се со лесна форма на болеста.

И понатаму загрижува постојаното зголемување на лицата на кои им е неопходно болничко лекување. Во Инфективната клиника и болницата „Шефќет Ндроќи” позната како болница Ковид 2, се третираат 122 пациенти од кои 23 во тешка здравствена состојба.

Прочитајте и...  Навални номиниран за Нобелова награда за мир

Од почетокот до сега во Албанија се направени 44.881 тестирања на сомнителни случаи.

Поради зголемениот обем на работа во болницата Ковид2 денеска се вработени 50 медицински сестри со кои се сретна министерката за здравство Огерта Манастирлиу, која меѓу другото порача дека засилувањето на болничките капацитети со човечки ресурси е во фокусот на Владата.

Прочитај повеќе

Османи го прими новиот евроамбасадор во земјава: Добиваме искусен дипломат и искрен сојузник на патот кон ЕУ

Слободен печат

ВМРО-ДПМНЕ на координација ќе одлучува дали ќе даде поддршка на двата предлог закони за основно и средно образование

Ница ги затвора баровите и воведува дополнителни мерки поради епидемијата

Слободен печат

Средба Маричиќ – Брнз: САД се силен сојузник во реформите за владеење на правото и градење на силни и независни институции

Слободен печат

Австралиската Влада со пет милиони долари ја помага новинската агенција ААП која пропаѓаше

Слободен печат

Заев: Да се отфрлат предрасудите, субвенции ќе има за сите етнички заедници и иницијативи

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Фрчат казни во Франција за неносење маски, околу 44,5 илјади Французи платија по 135 евра

МИА Агенција

Околу 40.000 ученици немаат опрема за онлајн настава, часовите ќе ги следат на телевизија

Михаило Донев

ЕУ ќе ја купува и вакцината на „Санофи” и „ГСК”

Слободен печат

Синдикатите ги кренаа работниците, протести во 23 италијански градови

Слободен печат

Димитриевска за жалбата на ОЈО за сообраќајката кај Млечен: Ми се потврдија поплаките за обвинителката и судијката!

Лука Андреев

Предизборни митинзи во САД: Бајден бара оставка од Трамп, тој пак ја нападна Хилари Клинтон

Слободен печат