Албанија регистрира црн месечен рекорд на ковид-19: Во февруари починале 406 лица, меѓу нив и 18 годишник без коморбидитети

Фото: EPA-EFE/Malton Dibra

Албанија во изминатиот месец бележи највисоки бројки од секој апсект на пандемијата со ковид-19. Според официјалните податоци што секојдневно ги објавува Министерството за здравство, само во февруари починале 406 лица, а притоа е регистрирана и најмладата жртва во земјата, 18-годишник, кој не боледувал од други болести.

Ако се има предвид податокот дека од почетокот на пандемијата, во земјата како последица од опасниот врус починале 1.796 лица, тоа значи дека во февруари се 25 отсто од вкупно починатите. Највиска бројка, односно 21 починат е регистрана на 25 февруари.

Минатитот месец е забележана и рекордна бројка на новозарзени на месечно ниво или 29.040, со негативен рекорд од 1.239 на 9 февруари.

Досега во Албанија направени се 466.785 тестови, позитивен резултат е добиен кај 107.167, оздравеле 69.773, активни на болеста се 35.598 а починале 1.796 лица.

Во земјата на 11 јануари почна имунизацијата со која до вчера беа опфатени 13.495 лица, главно здравствени работници и постари лица од 80 години.

Денеска треба да приситигне нова пратка од 15.000 вакцини од компанијата „Фајзер“, со која Албанија има договор за вкупно 500.000 дози, додека поради влошената епидемиолошка состојба Комитетот на експерти за справување со пандемијата се очекува да донесе нови ограничувачки мерки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот