Албанија: Расте број на новозаразени од Ковид-19, опозицијата обвинува за епидемилошка катастрофа

Поголемиот процент од болните се лекуваат амбулантски или во домашни услови, додека 122 се хоспитализирани во двете болници Ковид, каде 21 пациент е во тешка здравствена состојба.

Во последното деноноќие во Албанија повторно е регистрирана висока бројка на новозаразени со Ковид-19, јави дописничката на МИА од Тирана.

– Од направените тестови на сомнителни случаи, позитивен резултат е добиен кај 136, при што најголем број од новозаразените или 66 се од Тирана, останите се речиси од целата територија на земјата. Во исто време битката со коронависот ја добиле 74 граѓани, додека ја згубиле шестмина, меѓу кои и еден од најпознатите скулптори и универзитетски професор Арбен Бајо (53), информираат од Министерството за здравство и социјална заштита.

Според истиот извор, со последните 561, досега направени се 45.942 теста, Ковид дијагностивирани се 6.411, оздравеле 3.342, починале 199, додека активни на болеста се 2.870.

Поголемиот процент од болните се лекуваат амбулантски или во домашни услови, додека 122 се хоспитализирани во двете болници Ковид, каде 21 пациент е во тешка здравствена состојба.

Албанската опозиција и денеска обвини дека нема транспарентност во врска со епидемиолошката состојба во земјата, посочувајќи го како пример градот Елбасан.

– Состојбата во Елбасан е катастрофална, каде речиси цел здравствен персонал е позитивен на Ковид-19. Нема карантин, ниту тестови за оние кои имале контакт со заболените. Сето тоа е негрижа на Владата и Министерството. Рама и Манастирлиу зборуваат од морскиот брег, обвини демократот Луциано Боци.

Тој додада дека целата територија на Албанија е „црвена зона” и оти „само Бог знае како ќе се избегне здравствена катастрофа која е блиску”, зашто „Владата си земала подолг одмор”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот