Албанија протера двајца ирански дипломати

За потсетување, во ноември 2018 година Албанија го протера иранскиот амбасадор во земјата, Голамхосеин Мохамадиа, поради нарушување на националната безбедност.

Албанија прогласи двајца ирански дипломати за непожелни во земјата. Според пишувањата на албанските медиуми, министерот за внатрешни работи изјавил дека двајцата дипломати „делувале спротивно на нивниот статут и принципите на Виенската конвенција за дипломатски односи“.

– Министерството за Европа и надворешни работи денес одлучи дека дипломатските преставници на Амбасадата на Исламската Република Иран, Мухамед Али Арз Пеиманемати и Сејед Ахмад Хосеини Аласт, да се прогласат за непожелни личности, поради нивното делување кое е во спортивност статутот и принципите на Виенската конвенција за дипломатски односи. Од двајцата преставници на Иран е побарано веднаш да ја напуштат територијата на Република Албанија – истакнал министерот Гент Цакај.

За потсетување, во ноември 2018 година Албанија го протера иранскиот амбасадор во земјата, Голамхосеин Мохамадиа, поради нарушување на националната безбедност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот