АЛБАНИЈА ПОВТОРНО СЕ ТРЕСЕ: Нов земјотрес од 4,2 степени, кој бил почувствуван и во Црна Гора

земјотрес / илустрација

Новиот земјотрес регистриран во Албанија бил со јачина од 4,2 степени по Рихтер, а се почувствувал и во Црна Гора.

Земјотресот го регистрираше Сеизмолошкиот институт на Црна Гора 15 минути по полноќ, а епицентарот се наоѓа на 18 километри јужно од Медова.

Овој земјотрес бил со средна сила и хипоцентарот бил на длабочина од осум километри. Земјотрес од ваков тип може да предизвика само мала материјална штета во епицентралното подрачје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот