Албанија: Повторно раст на новозаразени со ковид-19

Ковид-болница во Тирана / фото: EPA/EFE

По повеќеневните пониски троцифрени бројки, во Албанија повторно е регистрирана висока бројка на новозаразени со ковид-19.

„Се зголемува бројот на нови случаи со ковид-19 во последното деноноќие кога се потврдени 712 новозаразени што е 36,4 отсто од тестираните 1952. Ако се има предвид дека добар дел не се тестираат а други се тестираат во домашни услови, бројот е многу поголем“, наведуваат од Министерството за здравстсво и социјална заштита.

Поради тоа од министерството повторно ги повикуваат граѓаните да не ја занемаруваат вакцинацијата против ковид, особено во „овој период на зголемени контакти, поради движењата во текот на летната сезона“. Додаваат дека може да се вакцинираат сите на возраст над 12 години, а четврта доза може да примат лицата над 60-годишна возраст и хронично болните.

Во изминатото деноноќие во списокот на оздравни се внесени 551 лице, починале две додека во болнички услови се третираат 21 пациент од вкупно 3490 активни на болеста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот