Албанија последна во Европа по бројот на тестови за коронавирус, Мета побара итно зголемување

Албанскиот преседател Илир Мета ја изнесе загриженоста поради тоа што неговата земја е последна во Европа по бројот на направени тестови за Ковид-19, според бројот на жители, јави дописничката на МИА од Тирана.

Тој додаде дека зголемувањето на бројот на тестови денес е ургентна потреба повеќе од кога било, бидејќи бројот на заразени е загрижувачки.

– Многу е загрижувачки што Албанија е последна во Европа по бројот на направени тестови. Тестирањето е основна активност затоа што го отвора патот за следење и лекување засновано на дијагноза. Светската здравствена организација е многу јасна од самиот почеток на пандемијата парачувајќи: Тестирање! Тестирање! Тестрање!, напиша Мета на Фејсбук.

Тој вели дека ова барање е поургентно денес од кога било затоа што „случаите на заразени лица, во споредба со април, се зголемија за над 11 пати”.

Во континуитет и познати албански епидемилози бараат да се прават од 2.000 до 2.500 тестови деневно, но досеега највисока бројка на дневно направени тестови е нешто повеќе од 1.400 и тоа во овој месец. Претходно во просек дневно се правеа по 400 тестови.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот