Албанија подготвена да го победи ковид-19: Ќе се вакцинираат по 60 лица во еден час

Фото: Фејсбук

Албанија интензивно се подготвува за почеток на вакцинацијата против Ковид-19,со цел оваа активност да помине во најдобар ред.

Премиерот Еди Рама и министерката за здравство и социјална заштита Огерта Манастирлиу беа во обиколка на стадионот „Ер Албанија” во Тирана, чиј внатрешен простор ќе се користи за вакцинација против ковид-19.

Министерката рече дека се преземени сите мерки од безбедносен аспект и оти се подготвени тимови кои ќе ја спроведуваат имунизацијата.

– Досега има поставено 20 кабини од вкупно 60 колку што ќе има за вакцинација. Планираме да вакцинираме 60 лица на секој час, можеби малку повеќе граѓани. Вакцнацијата ќе се одвива 8-10 часа на ден. Секако дека првите вакцини што ќе дојдат се посветени на ризични групи според нашиот план за имунизија – рече Манастарлиу.

Ќе имаме и тимови за итни случаи што ќе бидат поставени на ,за тоа определени места, или надвор од стадионот или во просториите на самиот стадион.

По Тирана, најави таа, вакви центри за вакцинација ќе бидат отворени во Валона и Скадар.

Премиерот Еди Рама оптимист е дека вакцинацијата ќе почне третата недела од јануари, но,како што додаде можно е и порано.

-Се наоѓаме во реално многу позитивна фаза кога станува збор за перспективата на овој почеток. Ќе почнеме третата недела од јануари, се надеваме уште побрзо. Обезбедивме 500.000 вакцини и ова значајна акивност ќе се одвива според утврдениот календар – рече Рама.

Рама повтори дека со почетокот на вакцинацијата, во која најпрво ќе бидат опфатени здравствените работници, дел од вакцините ќе бидат дадени за здратсвените работници на Инфективната клиника во Приштина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот