Албанија отвора посебна мисија во Украина

Албанскиот министер за Европа и надворешни работи Гент Цакај информираше дека Владата во Тирана донела одлука да отвори посебна мисија на Република Албанија во украинскиот главен град Киев.

Во објавата на Фејсбук, Цакај пишува дека целта на оваа предлог одлука е исполнување на еден од клучните приоритети на албанското претседавање со ОБСЕ, што се однесува на ситуацијата во и околу Украина, покрај другите продолжени конфликти кои се во фокус на оваа организација.

Според Цакај, таа одлука е израз на посветеноста на Албанија да остане на висината на оваа функција за време на претседавањето со ОБСЕ во 2020 година.

„За Албанија како земја претседавач на ОБСЕ е од најголема важност да ја испорача, прво, на украинската страна пораката за важноста и вниманието што таа им го дава за решавање на прашањето на конфликтите во Украина, и второ, на 56-те земји членки на ОБСЕ“, напиша Цакај на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот