Албанија очекува на донаторската конференција да бидат собрани околу 350 милиони евра

Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Албанскиот министер за обнова, Арбен Ахметај, пред денешната донаторска конференција што попладнево почнува во Брисел, изјави дека се надева на конференцијата да бидат собрани околу 350 милиони евра.

– Високо ја цениме солидарноста на земјите членки на ЕУ, но очекува оваа солидарност да се материјализира. Од донаторската конференција очекуваме околу 350 милиони евра или 30 отсто од фактурата која изнесува 1,08 милијарди евра. Во комбинација со грантови кои се од 70 до 80 милиони евра, како и поволни кредити ќе може да се соберат околу 450 милиони евра. Поради турнејата што ја направи премиерот со посета на повеќе земји, поради сензибилноста во европските земји очекуваме цифра приближно на оваа, изјавил Ахметај.

Тој е загрижен во врска со последиците од земјотресот во однос на економскиот раст.

– Загрижен сум за тоа како ќе и дадеме импулс на економијата овие години и како ќе се надминат штетите во инфраструктурата, рекол тој.

Ахметај, за „Клан” телевизија синоќа искажа загриженост дека ако не се собере предвидената сума од донаторската конференција „тогаш би се соочиле со сериозна финансиска тешкотија да се справиме со сите последици од земјотресот навреме како што посакуваме”.

Инаку, албанската Влада за надминување на последиците од земјотресот преку издавање еврообврзница на меѓународниот пазар планира да се задолжи со 600 милиони евра а со буџетот за годинава за таа цел стави на располагање 150 милиони евра. Од донации собрани се околу 50 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот