Албанија: Најмногу новозаразени, но и оздравени во едно деноноќие досега

Во последното деноноќие во Албанија регистран е нов негативен рекорд на новозаразени со Ковид-19, но и највисока бројка на оздравени.

-Во изминатите 24 часа Ковид-19 е дијагностициран кај 140 лица, што е највисока бројка досега, од кои половина се во Тирана. Во исто време битката со опасниот вирус ја добија 101, што, исто така, е највисока бројка на оздравени досега во едно деноноќие. За жал битката со опасниот вирус ја загубија петмина пациенти, стои во соопштението на Министертвото за здравство и социјална заштита.

Се додава дека до сега во земјата се направени 47.051 тест(со последните 603), позитивни на вирусот биле 6.676, закрепнале 3.480 а починале 205 пациенти. Активни на болеста се 2.991 лице.

По низата дневни рекордни бројки на новозаразени со Ковид-19 во земјата и не мал број починати, албанскиот претседартел Илир Мета побара што поитно да се почне со лекување на болните со крвна плазма од лица кои ја прележале болеста.

Тоа, како што наведува, од искуството во други земји,каде оваа терапија се покажала како доста корисна. Додава дека е многу значајно да се побара помош од Италија, како земја со исклучително искуство во спроведувањето на овој протокол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот