Албанија: Над 8.000 илегални мигранти за девет месеци, 20 отсто побарале азил

Според официјални податоци на Дирекција на албанската гранична полиција, од јануари до септември оваа година биле откриени 8.100 илегални имигранти во земјата или 3.000 повеќе во споредба со истиот период лани.

Од вкупниот број, околу 20 отсто или 2.300 мигранти доставиле барање за азил, но албанските надлежни органи разгледале само 1.250 од нив, при тоа згрижувајќи ги во прифатниот центар за баратели на азил во Бабру. Мигрантите главно доаѓаат од земји на Блискиот Исток.

Последните недели полицијата секојдневно информира за апсење на лица кои криумчарат и превезуваат илегални имигранти. Последен таков случај е регистриран денеска во Корча каде беа уапсени пет албански граѓани кои беа затекнати при транспорт на 25 илегални имигранти.

Од неодамна, шверцерите на мигранти, покрај луксузни возила со затемнети прозорци, користат и изнајмени автомобили. За 300 до 500 евра по човек, мигрантите, кои илегално ја минуваат грчко-албанската граница, патот кон западно европските земји најчесто се обидуваат да го продолжат преку Косово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот