Албанија на 15 септември ги отвора училиштата

Училиште / Фото Архива на Слободен печат

Министерката за образование, спорт и млади, Беса Шахини, изјави дека за сите ученици од 1-7 оделение и за ученици од посебни категории до 12-то одделение ќе бидат обезбедени бесплатни учебници.

Албанскиото Министертво за образование, спорт и млади соопшти дека, врз основа на препораката на Националниот комитет на експерти за справување со коронавирусот, наставата во новата 2020/2021 учебна година ќе почне на 15 септември.

Се наведува, исто така, дека од 31 август до 11 септември ќе се одржат дополнителни часови само со оние ученици од прво до петто одделение основно образование кои немале пристап и можности да следат онлајн настава во периодот март-мај 2020 година.

„Регионалните дирекции за образование веќе ги идентификуваа училишта и учениците кои можат да бидат дел од оваа програма и кои главно се ученици кои припаѓаат на ранливите групи, Роми, Египќани или подалечни рурални подрачја. Наставните часови во овој и следниот период ќе се одвиваат според сите протоколи на хигиенско – санитарни услови, одржување на физичко растојание и заштита на здравјето на сите, стои во соопштението.

Министерката за образование, спорт и млади, Беса Шахини, изјави дека за сите ученици од 1-7 оделение и за ученици од посебни категории до 12-то одделение ќе бидат обезбедени бесплатни учебници.

По највата за почетокот на наставата дел од стручните лица од оваа област сметаат дека се уште не се создадени услови за почеток на наставата, пред се запазување физичка дистанца.Тоа поаѓајќи од фактот што 120 училишни објекти се вон употреба поради оштетувањата предизвикани од катастрофалниот земјотрес, што земјата ја погоди на 26 ноември минатата година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот