Албанија ќе отвори Генерален конзулат во Струга

Советот на министри на Република Албанија, донесе одлука за отворање на Генерален конзулат во Струга. Веста ја објави министерот во должност за Европа и Надворешните Работи, Гент Цакај, на социјалната мрежа Фејсбук.

Toj изјави дека оваа одлука е во согласност со планот за продлабочување на односите со Албанците во регионот.

– Конзуларната област на овој центар ја вклучува Струга, Охрид, Битола, Кичево, Дебар, Гевгелија, Ресен, и регионот на Преспанското езеро. Значи, овој конзулат, ќе има посебна улога во поттикнување на економските односи, социјалните и културни врски помеѓу нив и Република Албанија. Ние ќе продолжиме да превземаме нови мерки со цел зајакнување на врските со Албанците и подигнување на албанскиот фактор во регионот-, напиша Цакај, на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот