Албанија ќе лекува Ковид-19 со ковалесцентна плазма

Прв донор на крвна плазма е 30-годишен пациент а тоа може да го сторат сите оние кои ја прележале болеста, а се од 18 до 65-годишна возраст.

Министерството за здравство и социјална заштита, преку Националниот центар за дарување на крв, двете универзитетски болници, Универзитетскиот болнички центар „Мајка Тереза” и болницата „Шефќет Ндроќи” ја започнаа постапката за ковалецентна плазма терапија за лекување на заболени од Ковид -19 кои се третираат болнички.

Министерката за здравство и социјална заштита, Огерта Манастирлиу, попладнево изјави дека се преземени мерки и се финализирани протоколите за плазма терапија.

– Во соработка со Универзитетот во Павија започнавме и го финализираме овој процес и подготвени сме да изградиме банка плазма. Преземени се сите мерки за да се гарантира квалитет и безбедност за примена на оваа терапија за оние пациенти на кои им е потребна во двете болници ковид, рече Манастирлиу при посетата на Националниот центар за дарување крв.

Таа побара унапредување на, како што рече, синџирот на солидарност за донирање плазма од страна на лица кои ја поминале болеста.

– Денеска ја започнуваме кампањата „Биди херој за оној кому си му потребен” и веќе ги имаме првите донатори кои ја прележале болеста, но важно е да се создаде синџир на солидарност, да се изгради банка за плазма, да им се помогне на оние граѓани кои им е потребен овој медицински третман рече Манастирлиу.

Прв донор на крвна плазма е 30-годишен пациент а тоа може да го сторат сите оние кои ја прележале болеста, а се од 18 до 65-годишна возраст.

Минатата недела албанскиот претседател Илир Мета побара од Владата и Министертвото да се почне лекување со ковалесцентна плазма и да се побара помош од Италија, по низата дневни рекордни бројки на новозаразени со Ковид-19 во земјата и не мал број починати.

Во Албанија од почетокот на март до денеска потврдени се позитивни на вирусот 7.812лица, закрепнале 3.928, починале 234 пациенти, додека активни на болеста се 3.650. Во последното деноноќие региостран е нов негативен рекорд на новозаразени во едно деноноќие односно 158 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот