Албанија ќе ги заострува мерките: Продолжува полицискиот час, локалите ќе затвораат во 18 часот

Албанскиот здравствен одбор на експерти најверојатно ќе воведе нови, построги мерки, заради зголемениот број на нови случаи на коронавирус и се поголемиот број на хоспитализирани пациенти заболени од ковид-19.

Се претпоставува дека ќе биде продолжен полицискиот час од 18 часот до 06 часот наутро, како и дека ќе биде забранета работата на баровите и кафулињата во тој период, освен оние кои извршуваат достава, пренесува порталот Албанија дејли њуз.

Локалните медиуми пренесоа дека за време на викендот земјата ќе биде целосно затворена, односно дека ќе биде забрането било какво движење.

Во средата  во Албанија е забележан најголем број на новозаразени во еден ден, а од последиците на вирусот починаа 19 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот