Албанија: Казна од 15 евра за неносење заштитни маски во затворен простор

Од денеска во Албанија секој кој нема да носи заштитна маска во затворени простории ќе биде казнет со 2.000 леки (15 евра).

Оваа одлука на Владата доаѓа во време кога бројот на заразени со коронавирус е во постојан раст а употребата на заштитна маска или текстилна заштитна марама или шал, се смета како мерка што ќе го спречи ширењето на Ковид-19, што од неа го побара Националниот комитет на експерти за справување со пандемијата.

-Со одлуката на владата и нормативниот акт, обврската за употреба на немедицински маски/ заштитни бариери за заштита од пренесување на Ковид-19 е обврска за секој поединец во сите затворени средини, јавни, државни и приватни институции, јавен превоз,трговски и други објекти. Во случај на непочитување на оваа мерка, државната полиција, општинската полиција, структурите на државните инспекторати, ќе ги казнат прекршителите со парична казна од 2.000 леки, изјави Огерта Манастирлиу, министерката за здравство и социјална заштита.

Прочитајте и...  Мицкоски: За да не поскапи струјата треба да се намали маржата на универзалниот снабдувач

Анализирајќи ја состојбата низ која поминува Албанија заради пандемијата, Манастирлиу уште еднаш спомена повторно отворање на болницата „Шефет Ндроќи” во болница Ковид 2, притоа изјавувајќи дека многу наскоро ќе биде отворена втората лабораторија за тестови во просториите на Универзитетската клиника во Тирана,со капацитет од над илјада тестови дневно.

Во Албанија анализа на тестови за Ковид-19 се прави единствено во Лабораторијата за вирологија при Институтот за јавно здравје, со капацитет до 500 тестови дневно. Прватните болници и клинки иако соопштија дека се подготвени тоа да го прават, сеуште немаат соодветна лиценца за тоа од страна на албанските власти. 

Прочитај повеќе

Словачка се соочува со втор бран на коронавирусот

Слободен печат

Џасинда Ардерн: Понатамошно ширење на Ковид-19 ќе влијае на одлуката за избори

МИА Агенција

Повторно има интернет во Минск, приведени над 2.000 лица во протестите по претседателските избори

МИА Агенција

ДИЖС: Нема забележано појава на истекување црвена отпадна вода во реката Вардар

МИА Агенција

Комисијата за заразни болести ќе одлучува дали да се воведе PCR тест за патниците од соседството кои транзитираат низ државава

МИА Агенција

Бутан првпат прогласи сеопшт карантин поради едно заразено лице од Ковид-19

МИА Агенција

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Словенечкиот гудачки квартет „Дисонанс” денеска на програмата на „Охридско лето”

МИА Агенција

Рекорден број смртни случаи во Австралија за 24 часа

МИА Агенција

Различни ставови како да почне наставата 

МИА Агенција

Бајден ја одбра за свој кандидат за потпретседател сенаторката Камала Харис

МИА Агенција

Бројот на новозаболени од Ковид-19 дневно се уште трицифрен

МИА Агенција

На тема образование не смее да има импровизации и изговори, во фокусот на реформите интернетот и дигитализацијата

МИА Агенција