Албанија ја достигна бројката од 500.000 лица вакцинирани против коронавирус

Фото: EPA-EFE/Malton Dibra

Албанскиот премиер Еди Рама објави дека земјата успеала да ја достигне бројката од 500 илјади вакцинирани лица против ковид-19.

Додава дека целта е постигната пред зацртаниот датум што претходно го најавил и најавува нова цел а тоа е милион вакцинирани, но овој пат не наведува датум.

-29 дена пред рокот кој јавно го најавив, реализиравме пола милион вакцинирани. Продолжуваме без прекин до целта милион вакцинирани, напиша Рама. Дека е реализирана зацртаната цел потврди и министерката за здравство Огерта Манастирлиу која додаде дека поголемиот процент од имунизираните се постари лица.

Прашана дали е вакцинирана и ако не кога таа одговори дека ќе го чека редот кога ќе почне имунизацијата на лица над 40-годишна возраст. Во Албанија до сега пристигнати се над 720 илјади вакцини од Астра Зенека, Фајзер, Синовак и Спутник В.

Во меѓувреме епидемиолошката состојба се оценува како стабилна. Вчера беа регистрирани само 53 новозаразени и еден починат пациент. Сепак експертите од оваа област не ја отфрлаат можноста за зголемување на нови случаи поради изборната кампања и изборниот ден во кои граѓаните не ги почитувале мерките за заштита.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот